Македонија

Делегација од Владата на Република Македонија, предводена од министерот Бардул Даути на средби со стопанственици од Албанија

Делегација од Владата на Македонија, предводена од министерот за странски инвестиции, Бардул Даути, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата, Ленче Николовска и советникот во кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, неодамна беа во Тирана, на средби со стопанственици од Албанија.

Целта на посетата беше развивање на соработка меѓу двете држави во областа на бизнисот и земјоделското производство, а во организација на Фатос Мустафа-Претседател и CEO на Меѓународната Канцеларија “ФМ Консалтинг”.

– Се сретнавме и разговаравме  со  сопственици на компании кои веќе инвестираат во Македонија но и со бизнисмени и консултански куќи кои покажаа голем интерес за проширување на бизнисите кај нас, како можност за регионален развој на компании од различни сектори. Овие средби се добра прилика да ги запознаеме потенцијалните инвеститори со предностите кои ги нуди нашата Влада во делот на привлекување на странски инвестиции. Охрабрува позитивното искуство на компаниите кои веќе инвестираат, како фармацевската компанија „Саген“, прв инвеститор од Албанија во ТИРЗ Скопје 1. Г-дин Исуф Бербери кој  не го криеше задоволството од правилната одлука да инвестира во Македонија. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и други бизнисмени – вели Даути.

Делегацијата од Македонија оствари средба и со Стопанската комора на Тирана на која што Претседателот на комората Николин Јака,  ја истакна потребата од заедничко делување на двете земји како можност за полесен пристап на светските пазари.

-Македонија и Албанија не треба да бидат конкуренти на пазарите, туку заеднички да се бориме со квалитет и квантитет да ги освоиме странските пазари.  Имаме можности за тоа, поволни климатски услови за поголем развој на земјоделското производство и искористеност на ИПАРД фондовите кои ќе придонесат за поголема модернизација на производството. Потребно е само да се организираме и да ги здружиме капацитетите- истакна тој.

-Идејата е одлична и треба да се реализира во интерес на развојот на стопанствата на двете држави, рече Николовска и додаде дека во најскоро време во Владата ќе се реализира средба на која ќе присуствуваат бизнисмени од Албанија, Македонија и претставници на институциите задолжени за одредени сектори со цел започнување на долгорочна соработка и стратегија за развој.

Во текот на дводневната посета на Тирана, делегацијата од Македонија ја посети и компанијата „Агна груп“, која е во завршна фаза околу подготовките за изградба на  фабрика за кондиторски производи во Македонија но имаат размислувања и желба за нови инвестиции во повеќе области, од градежништво до инвестиции во агросекторот.

-За инвестиции во агрокомплексот, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги создаваме сите потребни услови за потенцијалните инвеститори. Во тек е оглас за државно земјоделско земјиште кое е наменето за инвестиции, а исто така компаниите имаат можност да користат средства од ИПАРД фондови како и субвенциите кои се од буџетот на РМ – потенцираше Бачовски.

Организаторот и домаќин, Фатос Мустафа ја искористи оваа прилика да ги информира албанските бизнисмени за предностите кои ги нуди Република Македонија за инвеститорите.

-Во тек се преговори со Компанијата „Дони Фруитс“, кои скоро инвестираа во Албанија, да го прошират својот бизнис и во Македонија. Се работи за сериозна компанија која се занимава со откуп и дистрибиција на земјоделски производи, преку сопствена дистрибутвна мрежа. Тоа е она што им е потребно на македонските земјоделци, поддршка на пласманот. Посетата беше вистински погодок бидејќи интересот на бизнисмените е голем, а веќе следната година очекувам да се интензивира соработката меѓу бизнис заедницата, со поддршка на владите на двете држави – изјави Мустафа.

 

 

превземено од vlada.mk

Поврзани вести