Македонија

Грција го ратификува Договорот од Преспа

Грчкиот законодавен дом денеска со 153 гласови ЗА го усвои Преспанскиот договор. 
После тридневна дебата во која се вртеа бројни шпекулации околу бројот на гласови кои ќе може да ги обезбеди Ципрас, Договорот денеска конечно се најде на гласање пред грчките пратеници.

Лидерот на опозициската Неа Димократија, Киријакос Мицотакис, ја обвини власта дека ги игнорира патриотските чувства на Грците и се закани дека ќе го блокира членството на Македонија во ЕУ доколку неговата партија победи на изборите годинава.

Денешното гласање на пратениците беше проследено и со протести во Атина од мал број луѓе, но на вчерашните протести имаше насилство, кое резултираше со најмалку 150 уапсени, главно радикали, од кои најголемиот дел денеска се ослободени.

Поврзани вести