Спорт

Тошо Антов е спортист на годината на Кочани

И во Кочани се избра најдоброто од спортот за 2018 година, а епитетот Спортист на годината му припадна на планинарот Тошо Антов.

Тошо Антов зад себе има над 40 врвови годишно, а во своето планинарско делување го има совладано врвот Елбрус, како и Мон Блан во Франција, Гран Парадисо во Италија и десетината највисоки врвови на Балканот.

Во останатите категории, титулата најуспешен млад надежен спортист и припадна на шахистката Јована Давиткова од ГШК „Кочани“.

Најуспешна екипа се кошаркарите на Баскет Дино, а најуспешен тренер е Николче Колев од клубот за гимнастичарски спортови „Кочани“, а Колев не беше единствениот награден од гимнастичарскиот клуб, па за најдобар спортски работник е избран Благојчо Каров.

За афирмација на спортот постхумно признание ќе добие спортскиот коментатор Венцислав Симеонов – Брацо.

Манифестацијата Спортист на годината на Кочани ќе се одржи на 31 јануари, а времето и местото ќе бидат дополнително определени.

Извор: Телевизија Стар

Поврзани вести