Македонија

Шеќеринска: НАТО е успех на сите граѓани!

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска се обрати во врска со потпишувањето на протоколот за членство во НАТО:

,,Денеска ми претставува навистина огромна чест како министерка за одбрана да видам дека сите земји – членки на НАТО ни посакаа многу топло, многу силно, многу гласно добредојде во најмоќната воено политичка Алијанса во светот. Македонија веќе не е во изолација, Македонија се смета за една од ретките добри вести на европскиот континент. Безбедноста на нашите граници не ја гарантираме само ние туку ја гарантира и сојузот и тоа неминовно носи зголемена безбедност во нашата држава, но и безбедност во регионот. Ова не е заслуга ниту само на институциите ниту само на политичарите или пратениците, Владата или Собранието.Ова е успех на сите граѓани на нашата татковина кои што 30 години трпеливо чекаа и работеа а во последната година и половина дадоа и силна поддршка за оваа крупна промена во нашиот надворешно-политички курс.” – подвлече министерката за одбрана.

Поврзани вести