Од денеска почнува да тече рокот за исполнување на обврските од Договорот во Преспа. Првата табла со новото име пристигна на граничниот премин „Богородица“. На новите табли ќе стои институцијата со новото име, преведена и на албански и англиски јазик.

Првите букви отстранети, зградата на Владата утрово осамна без називот „Влада на Република Македонија“. Од Владата појаснуваат дека буквите биле отстранети рано утринава бидејќи, како што велат, на платото пред Владата во текот на денот ќе се одвиваат активности за поставување на НАТО знамето. На нивно место до крајот на неделава треба да биде напишано „Влада на Република Северна Македонија“ и преведено на албански јазик.

Извор: Радио Слободна Европа на македонски јазик