Светска Банка и натаму останува на ставот дека е потребно зголемување на возраста за пензионирање во Македонија. Стареењето на населението и предвремените пензионирања, во комбинација со ад-хок дополнителните зголемувања на пензиите доведоа до трошење на средства за пензии кое е поголемо од 10 проценти од БДП и покрај значителните реформи кои беа преземени пред една деценија, се наведува во најновиот извештај за пензискиот систем на земјава. Сепак од Банката потенцираат дека неодамна усвоените пензиски реформи ќе го стабилизираат системот на краток рок.