Несекојдневна и во најмала рака чудна информација ни пристига од МВР за счучај кој е забележан во Кочани. Имено мајка се решила да го украде возилото од својата ќерка, се со цел да го подари на својот дечко.

А.А. од Кочани, ќерка на О.А. пријавила дека нејзината мајка ѝ го украла клучот од нејзиното возило „мазда”, фалсификувала потпис на нотар по што возилото добива нов сопственик.

Потоа мајката возилото го подарила на својот дечко М.М.. Ќерката А.А. целиот случај го пријавила во полиција, по што возилото било пронајдено и ѝ било вратено.

МВР информира дека истрагата околу овој случај сѐ уште трае, а по комплетирање на целокупната документација и со консултација со надлежниот јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.