Ви се случило ли да имате денови кога чувствувате замор иако ништо немате работено? Сте почувствувале зуење во ушите па дури сте имале и губење на свест? Го мерите крвниот притисок и вредностите покажуваат хипотензија?
Еве кратки совети како да го санирате тоа без употреба на медикаменти:

Внесете повеќе течности во организмот
Крвниот притисок се дефинира како притисок што крвта го врши врз крвните садови. Доколку се намали внесот на течности во организмот ќе се намали и крвниот притисок, затоа при низок притисок најпрво внесете течности без разлика дали тоа ќе биде вода, млеко, чај или сок. Течностите најбрзо се ресорбираат и тоа започнува уште во желудникот. На тој начин вие ќе го покачите и крвниот притисок.

Земете солена храна
„Низок му е притисокот, дајте му сол и вода”. Често ја слушаме оваа „мисла” а сме се запрашале ли што всушност значи истата. Одговорот е многу едноставен: солта ја повлекува водата, со самото тоа ќе го намалите мокрењето а пак ќе чувствувате жед. Поради жедта ќе внесувате течности и со намаленото мокрење ќе ја санирате хипотензијата. Ова можете да го постигнете ако во таква ситуација каснете малку сирење или маслинки а доколку немате на дофат,тогаш можете и едноставно со сол и вода.

Пишува: Цане Каров