Случајот за кој бев обвинет е фалсификуван, знаев дека имаа план да ме убијат зад решетки, не можам сега да обезбедам детали, но секогаш има некој на кого не му одговарате, вели во интервју за РАИ, екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство во Будимпешта.

Пред да ја напушти земјава испратил писмо до Јоханес Хан и Могерини, дури и на германската канцеларка Ангела Меркел, за да испратат судија во пензија да го види случајот – убеден е тој. Убеден бил дека ЕУ не ги прочитало документите, а и понатаму е противник на Договорот со Грција.