Македонија

Штип: Возило излета во Отиња

Патничко моторно возило марка Волво денеска околу 13 часот излета во коритото на реката Отиња во близина на штипската гимназија.

До несреќата дошло откако на возилото му блокирала педалата за гас, па додека се движело во рикверц покрај хотелот Оаза, неконтролирано продолжило да се движи наназад, по што излетало бо речното корито со возачот внатре.

Првично, кај возачот не се констатирани посериозни телесни повреди.

Поврзани вести