Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на тужителот Боров Дол ДООЕЛ Радовиш против зелената партија ДОМ, како неоснована.

Советот на судии со претседателката Лидија Димчевска ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје II дека при пренесувањето на јавно достапни информации за рудникот Боров Дол од страна на ДОМ, нема клевета, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот.

Претходно, партијата ДОМ посочуваше на големи нерегуларности во работата на повеќе рудници, кои користеле опасни хемиски супстанци за обработка на рудата, притоа загрозувајќи ја безбедноста и здравјето на населението, работниците и животната средина околу рудниците.