Здравје

90% од заболените на рак на бронх се пушачи или живеат во град со загаден воздух

Пушењето претставува една од најлошите општо прифатени социјални и здравствени навики. 100% од пушачите имаат директни последици врз своето здравје од оваа лоша навика, а неверојатни 33% од децата на родители пушачи имаат последици и врз своето здравје заради пушењето на еден од родителите. 

Се поголем замав кај пушачите зема карциномот на бронх. Тој зазема централно место меѓу малигните тумори на бели дробови. 

Иако директниот индикатор за појавата на оваа болест, како и кај повеќето карциноми, е непознат, познати се двата најголеми ризик фактори: пушењето и загадениот воздух, кој два до три пати почесто се јавува во урбана средина во однос на рурална и кој како најважни карциногени ги поседува сулфур диоксидот и јаглеродните соединенија.

Пишува: Цане Каров

Поврзани вести