Кога станува збор за здрава исхрана освен што треба да се внимава на тоа каква храна внесуваме потребно е да се внимава кога и колку внесуваме.
Лекарите и нутриционистите нудат три начина на диетески режими.

1. Прескокнување на оброк

Се препорачуваат два оброка
( доручек и ручек) додека третиот (вечера) се прескокнува. На овој начин можете да го намалите вишокот килограми за помал период, но можат да се појават замор, малаксаност и лошо расположение.

2. Три оброка ( првиот најобемен)

Одредени лекари и нутриционисти тврдат дека доручекот треба да биде најобемен од трите оброка. Според нивното мислење материите кои ќе се внесат со доручекот (шеќери, масти, протеини) во остатокот од денот целосно ќе се метабоизираат. Исто така најдобро е временскиот интервал помеѓу оброците да е 5-6 часа.

3. Три оброка (вториот најобемен)

Ова мислење го нудат друга група лекари и нутриционисти според кои најобемен оброк треба да е ручекот. Според нив материите внесени на ручек ќе обезбедат енергија на организамот за остатокот од денот притоа останувајќи резерви за утрешниот почеток на денот односно до доручекот. И овде најдобро е времето помеѓу оброците да е околу 5-6 часа.