Грчки воздухопловни сили ќе помагаат во контролата на воздушниот простор на нашата земја, а ваквото сценарио треба да биде договорено за време на претстојната средба меѓу премиерот Заев и неговиот грчки колега Ципрас, јавува Сител. Според грчките медиуми, договорот што би се постигнал, грчките воениборбени ловци би биле повикани за интервенција при сомнителен случај со непозната авио трага во нашиот воздушниот простор.

На оваа тема би требало да разговараат и министрите за одбрана на двете земји, Шеќеринска и Апостолакис, веднаш по средбата Заев Ципрас.

Од Министерството за одбрана велат дека одлуката за тоа која земја членка на Алијанската ќе биде задолжена за патролирање во нашиот воздушен простор, ќе биде донесена по добивањето на препораката од Алијансата.

Контролата на воздушниот простор ја спроведува државата. Она на што сега се работи е  изработка  на оперативни, технички процедури за воздушно патролирање или air policing. Сеуште не е одлучено која држава членка на НАТО ќе биде задолжена за воздушно патролирање.

За тоа одлука ќе донесе Владата на Република Северна Македонија, откако ќе добие препорака од НАТО Алијансата. Во оваа фаза, Грција како соседна земја изразува подготвеност да ги даде своите капацитети на располагање, соопштуваат од МО.

Владините служби пак информираат дека сеуште не е прецизирана агендата за посетата на нашата земја од страна на премиерот на Грција. Поради тоа тие не можат да соопштат дали една од темите на разговор меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчкиот колега ќе биде можноста грчкото воздухопловство да помага при контролата на нашиот воздушен простор.

Вакви договори се постигнуваат во случај кога дел од земјите сојузници на НАТО не располагаат со непоходната опрема. Грчките и италијанските воздухопловни сили комббинирано го чуваат небото кај најновите членки на Алијансата, Црна Гора и Албанија.