Општинската организација на ДОМ во Штип вечерва доби нови канцелариски простории во центарот на градот.

Новите канцеларии се лоцирани на улицата ,,Кирил и Методиј”, а ќе бидат отворени за средби со граѓаните секој ден по 18 часот.

Целта на ДОМ Штип со новите канцеларии е непосреден контакт со граѓаните на Штип и директна вклученост на граѓанството во поттикнувањето на зелени инцијативи и развојот на зелените политики во центарот на Истокот.