Рускиот претседател Владимир Путин нема да дозволи американска воена интервенција во Венецуела сметаат гео-политички експерти, откако авион со 100-тина руски специјалци и високорангирани офицери и со 35 тони борбена опрема пристигнаа во венецуелскиот главен град Карaкас. Аналитичарите оценуваат пораката на Путин е многу кокретна и јасна. Тој нема да ја дозволи најавената американска интервенција против венецуелскиот претседател Николас Мадуро и тоа да заврши како нападите во Југославија, Ирак, Либија…

Со ова Путин нагласува дека Венецуела е сојузник на Русија и дека нема да се откаже од ова „укотвување“. – велат воени аналитичари.

Сепак, Мајкл Шифтер и Грегори Викс, американски аналитичари од Универзитетот во Северна Каролина сметаат дека американската воената опција е поверојатна сега од кога било од почетокот на кризата во Венецуела. Но според нив, шансите за такво нешто се сеуште многу мали, пред се, како што појаснуваат, поради тоа што за такво нешто нема поддршка од Европа.

„Во моментов немаме некоја конкретна искра. Но сме го виделе тоа во минатото. Такво нешто брзо ќе ги зголеми шансите и ќе ги измени калкулациите. Таква „искра“ би можело да биде некое крваво насилство против опозицијата, апсење на Гуаидо или напад врз американскиот дипломатски персонал во Венецуела.“ – вели Грегори Викс-Универзитет на Северна Каролина.

Москва силно се спротивстави на одлуката на САД да наметне санкции за режимот на Мадуро и да го признае лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Истовремено, пак, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака промена на режимот и обнова на демократијата, но Москва, долгогодишен партнер на властите во Венецуела, на загрозениот режим на Мадуро му дава дипломатска, економска и воена поддршка.