Регион

Турски ловци го пресретнале хеликоптерот на Ципрас

Грчкото министерство за надворешни работи ќе испрати демарш до Анкара откако хелихоптерот со кој се превезувал премиерот Алексис Ципрас бил пресретнат од страна на турски воени авиони. Според грчките медиуми, два турски Ф-4 авиони без претходно да достават план за летање, влегле во грчкиот воздушен простор и на само неколку милји му се приближиле на воениот хеликоптер во кој бил Ципрас. Грчкиот пилот морал да ја намали висината на летање се додека на помош не му пристигнале неколку авиони на грчката армија.

За инцидентот реагираа од грчката опозициска партија Нова демократија од каде побараа владата веднаш да реагира и да го осуди инцидентот. Надлежниот за надворешна политика во партијата, Јоргос Кумуцакос порача дела не е првпат турските провокации да се изразуваат врз претставници на власта, но исто така не е ниту првпат Анкара да провоцира во деновите кога Грција ја слави нејзината историја и религија.

„Силно ја осудуваме оваа неприфатлива турска практика. Се надеваме дека Владата, конечно, сериозно ќе се загрижи за ова однесување на Анкара за да ги напушти површните толкувања и аматерскиот начин на кој го третира.“ – напиша Кумуцакос на Твитер.

Турската армија ги демантираше тврдењата дека нивни авиони премногу блиску се доближиле до хелијхоптерот со кој летал грчкиот премиер и порачаа дека тие само ги вршеле стандардните, рутински, мисии во реонот. Грчкиот премиер Алексис Ципрас кусо по инцидентот и порача на турската влада дека непотребно се обидува да предизвика инцидент и дека ако е требаи со пливање ќе стигне до најоддалеченото место во државата.

Поврзани вести