Има многу причини зошто ни е потребен сон повеќе од осум часа.
Често причината е поради здравствени причини како инфекции или ментални нарушувања.
Докторите препорачуваат сон од седум до девет часа, а спиењето помалку часови е недоволно за организмот.
Ако сте настинати ќе ви треба повеќе сон за да се опоравите.
Истото важи и ако сте депресивни, минувате низ тежок период или вежбате повеќе од вообичаеното.
Најдобро е на организмот да му го обезбедите потребниот одмор а не е грешка и ако побарате совет од лекар наведувајќи му ги симптомите дека ретко се чувствувате сосема одморено.

Пишува: Ц. Каров