Македонија

Дацо Белски сам и се предаде на полицијата

Драганчо Стоименов викан Дацо Белски кој пукаше во друго лице во локал во Кочани, сам се пријавил во полиција, дознава 1ТВ.

Тој три месеци беше во бегство и стана недостапен за органите на прогонот во јануари годинава, откако по вербална расправија, пукаше и го повреди Драган Здравев во кафе барот „Аква“ во Кочани.

На македонската јавност и е познат и по случајот Детонатор, каде што  беше клучниот сведок, а во кој за рекетарство, перење пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница.

За потсетување, инцидентит се случи во кафе бар Аква, кога дошло до кратка вербална расправија помеѓу две групи. Во еден момент Драган Стоименов, со надимак Дацо Белски, пукал со пиштол и го повредил Драган Здравев, викан Дач. Веднаш по истрелите Стоименов избегал. Здравев беше пренесен на Ургентен.

Поврзани вести