Здравје

Шеќерот меѓу најопасните продукти по здравјето

Внесот на шеќер во организмот треба да се сведе на мимимум бидејќи големата количина шеќери во организмот може да биде опасна за здравјето.
Можеби пробувате да ја одржувате количината на внесен шеќер така што не јадете блага храна, но така само живеете во заблуда. Познато е дека голем извор на шеќери се лебот, компирот, овошјата, па дури и солените продукти.
За да знаете дека внесувате премногу шеќер треба да следите неколку знаци.

Од зголемена количина шеќери во организмот може да се јават акни во пределот на устата и брадата. Акните се јавуваат поради тоа што шеќерот го зголемува нивото на хормони во крвта, а тие предизвикуваат хормонски акни.
Ако забележите вакви промени на кожата започнете да внесувате повеќе вода и намалете ја слатката храна.

Познато е дека шеќерот е предизвикувач на кариес.
Шеќерите се лепат на глеѓта од забите и под дејство на киселините кои ќе се создадат се разјадува глеѓта и се отвораат шуплини во кои се размножуваат бактерии. Овие шуплини го претставуваат кариесот.

Ако јадете благо пред спиење може да имате проблем со спиењето бидејќи шеќерот ја зголемува енергијата во телото. Така може да имате долга ноќ, па дури и ако заспиете, може често да се будите и немирно да спиете. Следниот ден ќе бидете поуморни и од кога сте си легнале. Затоа најдобро е последниот оброк да не биде богат со шеќери и да е неколку часа пред спиење.

Поврзани вести