Смеењето има многу позитивни ефекти за здравјето.
Кога се смееме се намалува нивото на кортизон во телото а со тоа и нивото на стрес.
Смеењето делува како медитација, го активира целиот мозок и дури 300 мускули.
Психолозите тврдат дека смеењето ја зголемува самодовербата, ја намалува анксиозноста и дека терапијата со смеење делува при лечењето на депресија.
Смеењето исто така ја зголемува количината на кислород во организмот, го зајакнува имунитетот, помага во отстранување на болката и ги релаксира мускулите.
Одредени експерти тврдат дека со смеењето од неколку минути кај мускулите се добива ефект ист како и при физичка работа.
Исто така смеењето го подобрува помнењето и ве прави да изгледате поатрактивни.

Поврзани вести