Постојат многу причини за болка во коленото, од прекумерна тежина до повреди или стареење на телото.
Болката може да биде јака или блага во зависност од состојбата на коленото.
Иако постојат различни медикаменти за санирање на овој проблем, постојат и природни работи кои делуваат врз болката.

Јаболковиот оцет може да ги неутрализира токсините и да ги исчисти минералните наслаги во коленото.
Оцетот може да се користи така што ќе се пијат околу две лажици оцет измешан со вода или во комбинација со топла вода да се прави купка на коленото.

Чајот од ѓумбир има антивоспалителни својства и делува против отоците во телото. Со пиењето чај од ѓумбир ќе го намалите отокот а со тоа и болката која ја предизвикува.

Куркумата исто така е корисна кога станува збор за болка во коленото.
Познато е дека содржи материи кои ја намалуваат болката.
Може да се консумира како чај или да се нанесува на коленото во комбинација со маслиново масло.

Доколку болката во коленото е поради артритис треба да користите лимон за да ја ублажите истата.
Лимонот ги отстранува кристалите кои се создаваат во зглобот.
Потребно е барем двапати дневно да се прави облога на коленото од ситно исецкан лимон, врзан во ткаенина и натопен со масло.