Сувата и испукана кожа на стапалата може да предизвика појава на жулеви.
Жулевите се безопасни, но доколку не се третираат може да настане инфекција.
Освен кремите за жулеви и каменот за стапала, постојат и домашни лекови за жулеви.

– Ако дома имате аспирин можете да го искористите против жулеви. Здробете пет до шест аспирина, додајте вода и сок од лимон и мешајте додека не добиете паста.Оваа паста нанесете ја на жулевите, покријте ги со газа а потоа со пластична кеса. По десетина минути измијте и истријте ги со камен за стапала. Ова не го правете доколку сте алергични на аспирин.

– Направете паста од сода бикарбона и вода и намесувајте ја често на жулевите се додека не исчезнат.

– Натопете газа во јаболков оцет и фиксирајте ја врз жулевите. Ова направете го пред спиење а наутро истријте со камен за стапала.

– Можете да искористите гел или свеж лист од алое вера. Доколку користите свеж лист, внатрешниот дел од листот ставете го врз жулот и фиксирајте со завој. Ова растение ќе го исуши жулот.

– Освен за организмот, чајот е добар и за кожата на стапалата. Направете купка за стапалата и додадете чај од камилица. Чајот ќе ја исуши кожата па полесно ќе можете да го истриете жулот.