Во Јапонија е многу прочуено пиењето топла вода веднаш по будењето. Користа од ова ја покажале и многу испитувања.
Докажано е дека голем број болести кои настануваат кај човекот се токму поради недостиг на вода во организмот.
Водата е добар растворувач и има важна улога во метаболизмот.
Сите минерали и хранливи материи кои се раствораат во вода побрзо се ресорбираат и побрзо стигнуваат до сите клетки телото.
При недостиг на вода се нарушува метаболизамот и се јавуваат различни болести.
Традиционалната медицина препорачува пиење чаша топла вода(околу 27°С) веднаш по будењето па дури и пред миењето на заби.
Водата го чисти стомакот и го буди дигестивниот тракт.
Освен што ги топи мастите, го подобрува метаболизмот, ја помага елиминацијата на токсини и помага при опстипации.
На цревата делува така што ја загрева мускулатурата и ги намалува грчевите.
Неопходно е денот да се започне со чаша-две топла вода и малку сок од лимон.
Се препорачува водата да се пие околу пола час пред јадење и околу еден час по оброкот.
Водата е добар лек и за еластичноста на кожата и за добра циркулација.