Целата македонска јавност се мобилизираше деновиве за помош на поранешниот играч на Брегалница, Томе Јанев. 

Потребна е финансиска помош за 29-годишниот Јанев, кој боледува од ALS – (amnyotropxic lateral sclerosis), болест на моторниот неврон.

Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија во Москва со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години.

Сумата за потребното лекување е огромна за неговото семејство, која за овие три години ќе изнесува околу 160.000 евра.

Многу фудбалски клубови и познати спортски работници деновиве повикаа да му се помогне на овој млад човек, да може повторно да му се посвети целосно на фудбалот. 

На Јанев може да му се помогне на три начина, преку денарска сметка, преку девизна сметка или преку повик на 070 143 454 за корисниците на Телеком. 

денарска сметка:

Томе Јанев

210-5017071183-75

НЛБ Банка

– преку девизна сметка број:

Tome Janev

MK07210501707118375

NLB Banka AD Skopje

Makedonija

SWIFT: TUTNMK22

– преку Телеком со повик од 100 денари:

070 143 454