Брегалница ја нанижа 14-тата победа во второлигашкото првенство на гостувањето кај екипата на Кожуф со 2:3 и со тоа си ја обезбеди третата позиција на табелата. 

Кит-Го во Кавадарци загуби од Тиквеш со 3:2. Плачковица беше доминантна над Вардар Неготино со 5:0, а со идентичен резултат славеше и Детонит над Партизан Обрешани во Радовиш. Најубедлива победа колово имаше Борец над Каменица Саса со 6:0. 

На табелата лидер е Борец со 59 бодови. Втор е Тиквеш со 52, пред Брегалница со 47. На четвртата позиција е Кожуф со 42 бодови, пред Кит-Го со 40, Плачковица со 24 и Детонит со 21 бод. Последните три позиции ги држат Партизан Обрешани со 13, пред Каменица Саса и Вардар Неготино со по 11 бодови.