Регион

155 милиони евра годишно им носат македонските туристи на Грција

155 милиони евра македонските туристи потрошиле лани во Грција, покажуваат статистичките податоци на Банката на Грција. За една година кај нашиот јужен сосед биле забележани над еден милион влегувања од МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ, а уплатени биле над 155 милиони ноќевања, јавува дописничкната на МИА од Атина.

Сепак, бројот на македонски туристи во таа држава е намален за над 20 отсто во споредба со 2017, кога изнесувала над 1 и пол милиони.

Во последните четири години за два и пол пати се намалил бројот на туристи од земјава. Во 2015 година, Грција регистирала над 3 милиони влегувања на македонски државјани во земјата.

Намалување и тоа за скоро 14 проценти има на профитот за Грција од македоонските туристи. За исто толкав процент е намален бројот на ноќевања за за период од една година.

Минатата година била рекордна за грчките домаќини кога биле регистрирани над 33 милиони туристи, најмногу од Германија. Само тие потрошиле скоро 3 милијарди евра.

Поврзани вести