Жените кои пијат антибиотици подолго од од два месеци без прекин имаат зголемен ризик од тоа да добијат инфаркт или шлог.
Експертите уверуваат дека со долготрајна употреба на антибиотици ги убиваме добрите бактерии во цревата и со тоа ја нарушуваме рамнотежата и создаваме услови за воспаленија, запушување на крвни садови и на крај оштетување на срцето.
Во неколку научни испитувања следени се жени над 60 годишна возраст кои примаат антибиотици повеќе од два месеца.
Се докажало дека имаат 32% повеќе можности за инфаркт и шлог од оние кои не пиеле.
За жени околу 40-59 годишна возраст ризикот е за 28% помал додека кај помлади од 40 не била забележана видлива опасност.
Од 1 000 жени кои примаат антибиотици повеќе од 2 месеца , кај 6 ќе се јави оштетување на срцето.
Антибиотиците се направени да ги убиваат опасните бактерии, но можат да предизвикаат и инфекција од причина што ги уништуваат и добрите бактерии.
Доколку се наруши цревната микрофлора се зголемува ризикот од вирусни и бактерски инфекции.
Жените најчесто земаат антибиотик при белодробна и уринарна инфекција или при процеси во забите.
Антибиотици треба да се примаат само кога навистина е неопходно, во спротивно се јавува резистенција.