Редовниот превентивен преглед може да ви го спаси животот.
Превентивниот преглед овозможува рано откривање и лекување на болеста додека таа е во почетен стадиум.
Рано откриените болести во најголем случај се завршуваат успешно излекувани.
Прегледот на штитната жлезда е важен за да се утврди дали таа добро работи.
Зголемената или намалена функција на штитната жлезда може да предизвика голем број тегоби.
Губењето на тежина и покрај добриот апетит, паѓање на косата и препотување се симптоми за зголемена работа на штитната жлезда.
За разлика од тоа при намалена функција се јавува малаксаност, дебелеење и опстипации.
Туморот на штитна жлезда може да се излечи доколку навремено е откриен, затоа се апелира сите жени редовно да го вршат овој преглед.
Проблемите со штитната жлезда можат да влијаат и врз плодноста.

Ракот на дојка е најчеста причина за смрт кај жените.
Според некоја статистика една од осум жени заболува од рак на дојка.
Ракот доколку се открие рано може да биде целосно излечен и затоа е важно да правите самопрегледи. Доколку забележите некои тврди формации на градата кои порано не биле присутни овде, веднаш побарајте стручна помош.
Важно е и секоја жена барем еднаш годишно да оди на ултразвучен преглед на дојка.