Американската армија подготвува опции прилагодени на развојот на ситуацијата во Венецуела, а ова го потврди вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан.

Шанахан откри дека американската армија на некој начин се подготвува за воена интервенција во Венецуела, а тоа го изјави после состанокот со високите функционери задолжени за националната безбедност на САД.

„Имаме цела низа на опции прилагодени на одредени ситуации“, изјави Шанахан кој во последен момент ја откажа посетата на Венецуела поради ситуацијата во Венецуела, односно новите судири на демонстрантите и безбедносните сили кои избија во текот на оваа седмица.

Шанахан се сретнал со шефот на американската дипломатија Мајк Помпео, советникот за национална безбедност Џон Болтон и адмиралот Крејг Фалер кој е на чело на воената команда за Јужна Америка.

Тој уште еднаш потсети на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој порача дека „сите опции се на маса“ кога е во прашање кризата во Венецуела.

Помпео исто така минатата среда порача дека не е исклучена американска воена интервенција во Венецуела доколку тоа биде потребно.