Многу психолози тврдат дека ударањето на детето по главата има низа лоши ефекти врз него, како физички така и психички.
Ваквиот начин на малтретирање може да предизвика повреда кај детето која влијае врз неговиот централен нервен систем.
Од друга страна, кога го ударате детето по главата, ја напаѓате на многу агресивен начин неговата личност и го понижувате.
Кога детето ќе порасне ќе се јави психички проблем па тоа што ќе биде плашливо, срамежливо, беспомошно, несамостојно и многу агресивно.
Овие деца кои биле “воспитувани” на овој начин подоцна во животот патат од депресија, анксиозност и антисоцијалност.
Детето не треба да се удира ниту по рацете затоа што таму се наоѓаат многу нервни завршетоци, па често може да се јави тресење на рацете или симтоми од психичко потекло.