Можеби ви се гледаат едноставни, но овие навики можат да ви дадат приказ за вашето ментално здравје.
Понекогаш се гледаат знаци на ментална болест во секојдневните навики иако е тешко да се забележат симтомите на истите.

Знаци на депресија може да се смета и ако одеднаш добиете желба да не комуницирате со другите луѓе или да не учествувате во активности кои претходно ве исполнувале.
Психолозите советуваат дека понекогаш е добро да бидеме осамени, но се додека е тоа во умерени дози.

Ако вообичаено сте одговорни а одеднаш почнувате да каснете, земате боледување и често ги одложубате состаноците треба да ја земете во предвид анксиозноста која предизвикува вакво однесување.

Друг знак на ментално пореметување се честите расправии со луѓето.
Сосема е нормално понекогаш да влегувате во конфликт, но секојдневните расправии укажуваат на психичко растројство.

Нормално е да чувствувате мала количина на стрес за она што ве чека во утрешниот ден, но доколку се грижите до тој степен да не можете нормално да функционирате во сегашноста тоа може исто така да биде знак на анксиозност.

Не е неибично доколку со добра вечера нарачате вино, но ако само со алкохол можете да се опуштите тогаш имате проблем.
Многу е тешко овие знаци да се забележат и да се гледаат како синтоми. Доколку ги забележите добро би било да побарате стручна помош.