Розацеа е хронично заболување на кожата на лицето.
Таа понекогаш може да се јави и на градите, вратот, кожата на главата и околу ушите.
Розацеата се изразува преку појава на црвенило на лицето придружено со испукани капилари и гнојни брончиња.
Ваквата промена на кожата на лицето е често придружена со субјективните симптоми – чешање, печење и затегнатост.
Иако розацеа може да ги погоди сите сегменти на населението, лица со светла кожа кои имаат тенденција лесно да црвенеат се верува дека се изложени на најголем ризик.
Болеста почесто се дијагностицира кај жени, но потешки симптоми се среќаваат кај мажите.
Како што одминува времето, зафатената кожа добива постојана црвена боја, а може да се појават и проширени капилари.
Ако не се лекува, можна е појава и на црвени папули и пустули, а во крајни случаи отечен и црвен нос.
Не постои јасна причина за настанувањето на ова заболување, но дефинитивно се должи на претераната реактивност на капиларите, на претераниот одбранбен и воспалителен одговор на кожата на вообиачените дразби и на присуството на одредени паразити во поголем број.
Присуство на бактерии и паразити, иритација на фоликулите, фотооштетување на кожата, оштетување на сврзното ткиво во подлабоките слоеви на кожата, претеран имун или инфламаторен одговор, сето ова може да доведе до појава на розацеа.

Постојат одредени фактори кои исто така може да се причини за розацеата:

• Топла храна или пијалаци
• Зачинета храна
• Нагла промена на температурата
• Сончева светлина, ветер
• Стресот, лутината или срам
• Напорни вежби
• Жешка бањи, сауни
• Кортикостероиди
• Лековите кои ги шират крвните садови, вклучувајќи и некои лекови за крвен притисок
• Пушење

Во терапијата на розацеа треба да се постигне подобрување на болеста но никогаш трајно не може да се излечи. За подобрување на состојбата потребно е:
• Избегнување на возбуда
• Да се избегнува храна богата со шекери, масти и зачини
• Да се избегнува алкохол
• Да се избегнува топла храна и напитоци

Избегнувањето на нагла промена на температурата, избегнување на топла пареа при готвење, избаегнување на сапуни и алкохолни лосиони, строго да се избегнува сончање.

Локално се забранети кортикостероидни масти, за папулите и пустулите може да се користи антибиотска маст и понекогаш во општа терапија може да се користат антибиотици со широк спектар.