Доза хумор, сатира и сарказам се фатени во стапица, премиерно утре Штипската театарска публика ќе ужива во премиерата на „Примка (Клопка ) “.
Станува збор за проект – комедија, во режија на Трајче Кацаров, кој се потпишува и како автор на текстот.
– „Се работи за одлична престава, а темата се однесува на патот до успехот.“ – изјави Трајче Кацаров.
Приказната на сцена ќе ни ја доближат: Трајче Јованов, Росана Бадева и Дијана Кузманова.
– „Претставата ја спремавме два месеци и сме прилично задоволни“ – изјави Дијана Кузманова, актер.
– „Мојата улога е Ана Карерина и ја играм животната улога која по патот наидува на многу пречки кои ја спречуваат во тоа“ – изјави Росана Бадева, актер.

– „Оваа соработка со Младинскиот театар од Штип и претставува анкер на поставување на младинската актерска сцена.“ – изјави Горан Трајковски, директор на Дом на млади-Штип.

Социјалната приказна оживеа на сцена со поддршка од организацијата на хрвати „Либертас“ од Штип.
– „ Ваквата соработка треба и понатаму да продолжи со младинската театарска екипа и со домот на млади.“ – изјави Долрес Кашуба, организација „Либертас“.
Премиера 23.05.2019 (среда), почеток 20:00 часот, влезница 100 денари.

А. Пингова