,,Предизвици во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование” беше насловот на трибината во организација на политичката партија ДОМ, на која учество зеде и поранешниот министер за образование на Шведска, Густав Фридолин, кој доаѓа од редовите на сестринската зелена партија на ДОМ од Кралството Шведска.

Покрај Фридолин, на трибината учество зедоа и заменик министерот за образование Петар Атанасов, г-ѓа Споменка Лазаревска од невладината Фондација отворено општество -Македонија, директорката на ДСУ „Јосип Броз Тито“ – Скопје, Силвана Кржовска, Стефани Спировска – претседателка на Младинскиот образовен форум, Олгица Вељковиќ –  наставничка во СOУ „Перо Наков“ – Куманово и Василка Стефановска – претседателка на Slow Food Водно.