Финале Вардар – Веспрем….во ракометната лига на шампиони, ново чудо на македонскиот ракомет во  Келн каде се игра завршниот фајнал фор.

Црвено-црните на крилјата на своите бројни фанови но и останатите љубители на ракометот во ракометниот храм во Келн направија чудесен пресврт и големата негатива од првиот дел ја претворија во победа од 29-27 што им овозможи финале против Веспрем на македонскиот репрезентативец Манасков.

Барселона доминираше во првиот дел кој го заврши со водство од 16-9. Каталонците таа предност ја одржува до 40-тата минута но црвено-црните го засилија темпото и почнаа со големи чекори да го анулираат водството на противникот  што резултираше со ирманување на резултатот на 26-26 во 57. Минута.

Следуваше и водство на македонскиот шампион со голот на Карачиќ  а откако Криштопанс го зголеми водството на два гола предност можеше да започне славјето кај македонските фанови за пласманот во утрешното финале.

Одличен на голот беше Дејан Милосављев додека најефикасни беа Криштопанс со 10 и Карачиќ со 5 погодоци. Кај противникот се истакна Гомеш со 11 гола.

Финалето се игра во недела од 18ч.