Здравје

Што е кандида и дали е проблем за здравјето?

Кандида е габичка која природно ја има на кожата и слузокожата.
Најмногу ја има во цревата каде учествува во разградувањето на храната.
Нормално е да има кандида кај здрава жена и тоа околу 35% на вагиналната слузокожа, 77% во горните дишни патишта и 85% во системот за варење. Во вакви услови кандидата не е штетна и не дава никакви симтоми.
Инфекција од кандида се јавува при намален имунитет, кој пак се јавува при користење на антибиотици, кортикостероиди, орални контрацептивни средства или хормонска терапија.
Ретко се јавува пред пубертетот и за време на перименопауза, а најчеста е за време на бременоста поради високата концентрација на естроген.
Оваа инфекција е најчеста која се јавува кај жените и која доведува до вагинитис (воспаление на вагината).
Инфекцијата ја зафаќа вагината и вулвата и предизвикува чешање, бел секрет, пецкање и печење при мокрењето.
Во просек кандидијаза се јавува кај 3 од 4 жени еднаш во животот, а кај некои и повеќе пати.
Оваа инфекција не се смета за потполно пренослива иако може да се пренесе преку орално-генитален контакт. Најчесто се диагностицира само со гинеколошки преглед.
Добро е со лековите што се земаат за лекување на инфекцијата да се зема и пробиотик.

Поврзани вести