Тешка сообраќајна несреќа се случила кај штипското село Криви Дол, на автопатот кон Миладиновци. Најмалку едно лице е загинато, информираат извори на регионалната Телевизија Стар. До сообраќајката дошло при директен судир на автомобил со мотор, при што загинат е возачот на моторот. Синоќа е вршен увид на местото на настанот и имало огромни колони од возила. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.