Болките во зглобовите можат да бидат многу непријатни и мачни.
Постои природен лек кој ја подобрува циркулацијата и ги намалува тегобите.
Маслото се прави од лути пиперки и помага при болки во зглобовите.
Маслото од лути пиперки припаѓа во групата масла кои вршат загревање.
Своето дејство го остварува со проширување на капиларите и ја подобрува циркулацијата во горните делови на кожата, го засилува витаминскиот метаболизам и ја активира регенерацијата на епидермисот.
За да го припремите ова масло потребни ви се десетина свежи лути пиперки, две чаши маслиново масло и стаклена тегла од еден литар.
Најпрво треба да ги измиете пиперките а потоа да им ги отстраните дршките. Најдобро е да ги мелете пиперките и со тоа ќе добиете смеса од истите.
Смесата ставете ја во тегла и полијте ја со масло.
Вака приготвено, маслото треба да го чувате седум дена на темно.
По седум дена со газа треба да го прецедите маслото.
Најпрво маслото се нанесува и се трие повеќе пати во денот(секогаш кога имате болка) а местото да го обложете со газа, чорап или ткаенина зависно од местото каде е локализирана.
По нанесувањето ќе чувствувате затоплување и печење на кожата поради дејството на маслото.
Во следните денови можете да го намалете нанесувањето на маслото а по еден месец можете да го нанесувате и еднаш неделно.
Важно е маслото да се чува на темно.