Хигиената игра важна улога во секојдневниот живот.
Речиси сите патогени микроорганизми егзистираат во нехигиенски услови.
Чистењето е веројатно најзаморна работа за секоја личност.
Истражувањата покажуваат дека луѓето знаат за важноста на хигиената, но не знаат кога е најнужна.
Загрижувачко е и тоа што постои теорија според која хигиената во животната средина не е најважна, а за да се подобри имунитетот на децата тие треба да бидат изложени на бактерии.
Поради овие причини научниците инсистираат на спроведување на хигиената посебно при готвење, употреба на тоалетот, фрлање ѓубре, играње со милениците, грижа за болни членови од семејството и слични ситуации.
Ситуации во кои најбрзо се шират бактериите:
– готвење сирова храна
– јадење со прсти
-кашлање и кивање
-употреба на WC
-грижа за животни
-грижа за болни членови од семејството кои шират бактерии во околината(кашлање, пролив, повраќање).

Ц. Каров