При подготовка за одење на летување секогаш најважни се документите, облека и “подвижната аптека”.
Без разлика каде патувате, секогаш е добро да ги имате со вас:

Заштита од сонце
Истражувањата покажале дека освен УВ зраците, за кожата можат да бидат штетни и инфрацрвените зраци кои продираат подлабоко. Ифрацрвените зраци можат да ја оштетат кожата и да предизвикаат нејзино предвремено стареење.
Затоа потребно е да се снабдите со креми кои штитат од двата вида зраци.

Антипиретици
Антипиретици се лекови кои се даваат против болка и покачена телесна температура.

Заштита од стомачни тегоби
Пробиотиците се препарати за обновување на цревната флора.
На овој начин се спречува цревниот дисбаланс кој може да се јави при промена на исхрана, климатски услови или при цревна вирусна инфекција.
Превентивно се земаат 3-5 дена пред одењето на летување како и за време на летувањето со цел да се спречат стомачните тегоби.

Повреди
При површински рани како посекотини(фластер, газа, завоји средство за дезинфекција).