Многу трудници не стигнуваат на време до породилиштата туку раѓаат по патот кон болница.
Мајките од секогаш прашуваат дали ваквото породување носи последици за нив и бебето и колку се разликува од породувањето во болница.
Породувањето е незапирливо дејство.
Во литературата стои дека дури 80% од жените се породиле сами без никаква помош од бабици.
Ако до породување дојде брзо и спонтано како во ситуација кога бебето “не издржува до болница”, станува збор за нормално породување без компликации- тврдат гинеколозите.
Тие советуваат дека во вакви ситуации најважно е бебето да се земе и да се препокрие со чиста ткаенина.
Бебето треба да се држи со двете раце од причина што кожата му е влажна и лизгава.
Во зависност од ситуацијата треба да го подврзете сами папчето и да чекате итна помош.
Доколку сте блиску до болница или итната помош пристигнува, оставете тоа да го заврши стручно медицинско лице.
Ако се наоѓате во првата ситуација потребно е да чекате да престанат пулсациите на крвните садови од папочната врвца, да ја подврзете и да ја пресечете со стерилни ножици или нож.
Подоцна лекарот повторно ќе ја обработи, ќе стави антибиотска заштита а по потреба мајката и бебето ќе примаат антитетанус.
Во последните години во светот се практикува породување дома, без помош поради тоа што се смета дека сиот процес е физиолошки и нема нужда од лекарска помош.
Гинеколозите ја негираат оваа теза и тврдат дека најсигурно и најбезбедно за мајката и бебето е породувањето да се одвива во болнички услови.

Ц. Каров