Регион

Мицотакис: Ви благодарам за „силниот мандат“

Во изјавата вечерва Мицотакис му се заблагодари на електоратот за, како што го нарече, силниот мандат.

„Се обврзувам дека ќе ги намалам даноците, ќе ги зголемам платите и инвестициите и дека ќе ја поттикнам вработеноста. На Грција и ќе дадеме посилен глас на европската сцена“, изјави Мицотакис.

Голем дел од неговата реторика во изминатите месеци беше критика на Преспанскиот договор и обвинувања до лидерот на Сириза и премиер Алексис Ципрас дека направил преголеми отстапки за сметка на грчките национални интереси. Но, самиот Мицотакис и високи функционери на неговата партија, во последните јавни настапи повторуваа дека Договорот од Преспа не може еднострано да се отфрли.

Тоа што Нова Демократија освои доволно пратеници за сама да формира влада се смета за добра вест за Преспанскиот договор и за С. Македонија зашто Мицотакис нема да да мора да коалицира со други десни партии и така ќе може да води поумерена надворешна политика.

Поврзани вести