Зелената партија ДОМ спроведе трета акција за ослободување на “заробените дрвја“. Во текот на овие три акции, активистите на ДОМ успеаа да ги ослободат заробените дрва кај Дрводекор на Кејот 13 ноември.

На акцијата се придружија и граѓани случајни минувачи. Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвјата. Советниците на ДОМ од Градот Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром веќе поднесоа ваква иницијатива до советите.