Регион

Убедлива победа на Мицотакис во Грција

Победа на Нова Демократија на денешните предвремени парламентрани избори. Првичните резултати по затворањето на избирачките места покажуваат убедлив триумф на опозицијата.

Проекциите на грчкото министерство за внатрешни работи се дека партијата на Кирјакос Мицотакис освоила 39,8 отсто од гласовите, наспроти владејачката Сирија со 31,5 отсто. Овие бројки преточени во пратенички мандати значат дека Нова Демократија би можела да се надева на 155 до 167 пратеници од вкупно 300 места во грчкиот законодавен дом што пак значи сигурно мнозинство за формирање влада која би ја предводел 51-годишниот Кирјакос, човек со диплома од Харвард, долгогодишен член на Парламентот, претставник на политичката династија Мицотакис.

Поврзани вести