Регион

Ципрас: Поразот е пресуда за тешките одлуки што ги донесовме

Откако стана јасно дека ги загуби изборите, Ципрас пред новинарите соопшти дека разговарал со Мицотакис и дека му ја честитал победата.

„Денеска, со крената глава ја дочекавме пресудата на граѓаните. За да ја донесеме Грција таму каде што е денес моравме да донесеме тешки одлуки кои имаа тешка политичка цена“, изјави премиерот во заминување, Алескис Ципрас.

Според најавите, можно е Мицотакис веќе утре да даде заклетва и да биде избран за нов премиер.

Од останатите партии, Движењето за промени, партија која го опфаќа левиот центар, се очекува да добие 8,2 отсто од гласовите, додека Комунистичката партија може да се надева на поддршка од 5,3 отсто – покажуваат проекциите. Засега, според овие резултати, ултранационалистичката „Златна зора“ најевројатно за 0,01 отсто нема да успее да го надмине прагот за влез во Парламентот.

Поврзани вести