Често забораваме дека нашата кожа не е целосно подготвена за сонцето па доколку не ја заштитиме соодветно можат да се јават изгореници.
Изгорениците од сонце се јавуваат под дејство на УВ зраците и ако ова се повторува често, може да се јави рак на кожа.
Доколку ви се јават изгореници од сонце можете да користите некои намирници за да ја намалите болката и црвенилото.

Ладни облоги
Користете ладни облоги, лед или ладен туш за да ја намалите температурата на оштетената кожа.
Честотата на повторување на овој процес зависи од тоа за кој степен на изгореници станува збор.

Јогурт или кисело млеко
Сите знаат дека јогуртот и киселото млеко помаагаат при изгореници на кожата, но никој не знае како.
Се смета дека целата улога ја игра високата Ph вредност на киселото млеко.

Чај
Не е потребно чајот да го пиете туку да го нанесувате како облоги.
Можете да ставате и цели кесички чај.

Сода бикарбона
Помешајте ја содата со вода и направете крема која ќе ја нанесете на изгорениците.

Краставица
Добро познато е дека краставицата се користи за освежување на кожата на лицето. Краставицата е природен антиоксиданс кој ќе ги смири изгорениците.

Вода
При вакви ситуации потребно е да внесувате повеќе течности од кои најдобро е вода.
Изгорената кожа е сува и испукана а тоа значи дека треба да внесувате повеќе течности.

Ц. Каров