Еден од најчестите проблеми кој се јавува кај луѓето кога станува збор за бубрези со сигурност е камења во бубрезите.
Каменот е цврста маса која се создава внатре во бубрегот или уринарниот тракт.
Понекогаш се толку мали што не се видливи ниту на ултразвук, а понекогаш се толку големи што можат целосно да блокираат мочен пат.
Постојат 4 врсти на бубрежни каменчиња, а најчест е оној кој се создава од калциум.
Поради тоа што каменчињата настанале по природен пат постојат многу природни начини како да се отстранат.

Билките како што е ајдучката трева имаат голем ефект кога станува збор за отстанување на бубрежен камен.
Чајот од свила од пченка е најдобар диуретик кој може да го помогне исфрлањето на бубрежен камен по природен пат.

Препорачливо е да конзумирате 6-8 чаши вода во текот на денот.
Водате е еден од најдобрите сојузници на организамот при ублажувањето на бројни здравствени тегоби.
Се препорачува затоа што причинува движење на каменчињата, ги отстранува вишокот токсини, ја намалува мочната киселини и со тоа се намалува ризикот од најзино таложење во бубрегот.
Тегобите можат да се ублажат доколку се конзумираат природни диуретици и детоксикатори како лубеница, диња, целер или грозје.

Ц. Каров