Пушењето е штетно за здравјето и сите сме свесни за тоа, но и покрај ова некои луѓе не можат да се ослободат од оваа навика.
Од друга страна, ако долги години сте биле пушач и сте успеале да ги оставите цигарите, можат да се јавуваат последици од пушењето и многу години после тоа.
Пушењето ја намалува количината на витамин С, Е и А.
Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови.

Брокулата е богат извор на витамин С и B5. Исто така помага и во губењето телесна тежина а добра и за трудници.

Сокот од портокал исто така е богат со витамин С и го забрзува метаболизмот на телото.
Доколку редовно јадете портокали помалку ќе страдате од стрес.

Спанаќот е најдобар темнозелен лиснат зеленчук затоа што е богат со витамини и фолна киселина.

Водата е одличен сојузник во борбата против пушењето.
Според многу истражувања ако сакате да ги оставите цигарите и да го намалите нивото на никотин во организмот треба да пиете многу вода затоа што пушењето доведува до дехидратација.

Ц. Каров