Во ТИРЗ Скопје1 денеска ќе почне изградбата на фабриката „Балканлар Пластик“.

На настанот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат премиерот  Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски.